Ново поглавје од сапунската опера „Пари Сен Жермен против Адриен Рабио“. Откако францускиот фудбалер одби цели шест понуди на раководството да го продолжи договорот, кој истекува на крајот на сезоната, сега парижани се прашуваат како да му се одмаздат на секаков можен начин.

Првично го извадија од првиот тим, потоа му забранија пристапот до тренинг базата на тимот до крајот на март, бидејќи беше фатен како слави во ноќен клуб по елиминацијата од Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите. А сега следеи нова санкција.

Тоа се должи на фактот дека Рабио ја „лајкнал“ објавата на Патрис Евра за неговата радост по успехот на Манчестер Јунајтед над ПСЖ. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед е персона нон-грата на „Парк де Пренс“, а според раководството, со своето дело се уште актуелниот фудбалер на ПСЖ го нарушил престижот на клубот.

Затоа уште шест дена нема да може да ја посетува клупската база, а соодветно на тоа време нема да прима и плата. Рабио, исто така, добил службено писмо од одборот, во кое се објаснуваат причините за неговата санкција.

– Вие сте се уште вработен на овој клуб и како таков, треба да ги почитувате обврските за лојалност кон него. Апсолутно не го толерираме вашето однесување да ја прекршувате добрата атмосфера во тимот со своите постапки, потценувачки кон клубот, чиј амблем се уште го браните, пишува во писмото, до кое дојде редакцијата на „РМЦ Спорт“.

Во пракса, од ноември наваму, кога Рабио ја отфрли последната понуда за нов договор, клубот си наоѓа изговори да го казнува дисциплински и да не му ја плаќа платата за овие месеци. Но, играчот не се грижи многу, бидејќи тој се разбрал со својот нов клуб, но сепак не сака да го именува неговото име.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2019 16:08