Легендарниот аргентински фудбалски тренер Диего Армандо Марадона го објави своето заминување од клубот Дорадос по завршување на сезоната.

Денес, неговиот клуб одигра нерешено со Венадос во претпоследното коло од регуларниот дел на втората дивизија во Мексико. Тимот треба да одигра уште еден натпревар во основниот дел, а потоа ќе игра во плејофот.

- По завршувањето на сезоната ќе го напуштам Дорадос, одлучи Марадона. – Жал ми е, но ова е моја одлука.

Тој додаде дека поради неговото присуство како главен тренер, судиите имаат предрасуди кога му судат на Дорадос.

- Дали знаете зошто судиите не ни свират чисти ситуации за нас? Само затоа што тимот е предводен од Марадона, рече огорчено контроверзниот тренер.

Марадона го презема Дорадос во септември 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 10:12