Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, по вечерашната победа над Брајтон рече дека не може секогаш тимот д аигра на врвно ниво.

„Граѓаните“ го победија Брајтон со минимални 1:0 и се пласираа во финалето на ФА купот.

Дали верувам дека може да играте 60 натпревари и секој пат да покажувате фантастични резултати? Ниту еден тим не може да го стори тоа. И Сер Алекс Фергусон освојуваше трофеи, но не сите игри на Манчестер јунајтед не беа совршени. Тоа не функционира на тој начин, изјави Гвардиола. Шпанскиот стручњак додаде дека речиси е невозможно да се освојат четири трофеи.

Сити веќе го освоија Карабао купот, а продолжува да се бори за пехарите во Премиер Лигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2019 10:31