Шест круга остануваат до крајот на сезоната во англиската Премиер лига. Ливерпул е на врвот на табелата со 82 поени, 2 пред Манчестер Сити (80 поени). „Граѓаните“ сепак се со натпревар помалку, откако изминатиов викенд беа ангажирани во ФА Купот (поеда над Брајтонсо 1:0).

„Црвените“ се надеваат на првиот трофеј по 29 години (1990 година), но за тоа ќе треба да „помогне“ и противникот. Во последните 7 натпревари, Сити има два тешки противници – Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Иронично може да се случи така што големиот ривал на Ливерпул во историски план – Јунајтед, да одземе бодови на „граѓаните“ и да го смести 19-тиот трофеј од англиската елита во излогот на Ливерпул.

„Црвените“ пак имаат само еден дуел против тим од Топ 6 – Челзи во следната рунда (14.04). Во последното коло сепак доаѓа најтешкиот ривал за првите шест тима од почетокот на сезоната – Вулверхемптон.

Грешки за двете екипи се сосема веројатни. Кој ќе стори помалку,останува да видиме во следниов период.

Програма на Манчестер Сити:

Кристал Палас – Манчестер Сити (14/04/2013) Манчестер Сити – Тотенхем (20/04/2013) Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити (24/04/2013) Барнли – Манчестер Сити (28/04/2013) Манчестер Сити – Лестер (04/05/2013) Брајтон – Манчестер Сити (12/05/2013)

Програмата на Ливерпул:

Ливерпул – Челзи (14/04/2013) Кардиф – Ливерпул (21/04/2013) Ливерпул – Хадерсфилд (26/04/2019) Њукасл – Ливерпул (05/05/2013) Ливерпул – Вулверхемптон (12/05/2013).



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2019 18:19