Халфот на Ајакс и ново засилување на Барселона, Френки де Јонг очекува многу тежок натпревар со Јувентус во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

– Јувентус е над Реал Мадрид. Реал е елитен клуб и освои толку многу трофеи во Лигата на шампионите. Оваа сезона сепак тимот е во лоша форма во споредба со Јувентус, изјави Френки во интервју за холандскиот весник „Де Телеграф“.

Тој смета дека Јувентус е еден од фаворитите за трофејот во ЛШ.

– За нас овој судир е огромен предизвик, но ако играме на познатато ниво, ќе имаат тешкотии, рече тој.

Запрашан дали евентуалното отсуство на Кристијано Роналдо ќе го промени односот на силите, Де Јонг рече: „Можеби ќе имаме поголеми шанси да победиме без него, но сакам да играм против најдобрите и да ги победам“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 18:33