Агентот на Герет Бејл, Џонатан Барнет, уште еднаш зборуваше за иднината на неговиот клиент. Сега тој рече дека велшкиот репрезентативец е среќен во Мадрид и не сака да се враќа во Англија.

Сето ова доаѓа во позадина на шпекулациите дека Бејл веќе не е дел од плановите на Зинедин Зидан и ќе се раздели со тимот во текот на летото. Крилото е поврзувано со трансфер во Манчестер Јунајтед.

– Бејл е среќен во Реал Мадрид. Во моментов не размислува за враќање во Англија. Не можам сепак да ја предвидам иднината. Во моментов тој е среќен тука, изјави Барнет пред „Депортес Кватро“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 19:12