Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го прокоментира отсуството на халфот Андер Ерера од составот.
Норвежанецот навести дека Шпанецот веќе размислува за иднина надвор од англискиот гигант.
– Можеби причината за неговата повреда е загриженоста за неговата иднина. И самиот тој не знае зошто е повреден. Едвај ќе го видиме во натпреварите против Вест Хем и Барселона. Можеби Андер ќе се врати за натпреварите со Челзи и Манчестер Сити, рече Солскајр пред англиски новинар.
Според гласините Ерера ќе го напушти „Олд Трафорд“ во текот на летото во насока ПСЖ. Тој не успеа да се разбере со Јунајтед за нов договор, а сегашната плата од 80.000 фунти неделно не го задоволува.