Атлетико Мадрид не успеа да ја намали казната на Диего Кошта од 8 натпревари, откако Апелационата комисија не ја прифати жалбата на клубот.

Вчера напаѓачот беше казнет поради неговото непристојно однесување за време на натпреварот против Барселона во Ла Лига. Кошта доби директен црвен картон за пцовки упатени кон судијата, а потоа му ја повлече раката за да го спречи да покаже жолти картони на неговите соиграчи. Дисциплинската комисија даде по четири натпревари за двата прекршоци.

Денес „јорганџиите“ го префрлија прашањето на Апелационата комисија, но од таму објаснија дека не гледаат никаква причина за намалување на казната. Во принцип, санкцијата во прашање е минимум во овој случај. Максимумот е 24 натпревари.

Казната значи дека Диего Кошта повеќе нема да игра оваа сезона, откако остануваат уште седум круга.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 19:21