Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата за месец март. Претходно, Јирген Клоп ја доби награда за најдобар менаџер.

Сенегалецот ја заслужи наградата за својот настап во дуелите со Евертон (0:0), Барнли (4:2), Фулам (2:1) и Тотенхем (2:1). Тој ја совлада конкуренцијата во лицата на Шејмус Колман, Ендру Робертсон, Бернардо Силва, Џејми Варди и Џејмс Ворд Праус.

Во меѓувреме, наградата за најубав гол за минатиот месец во англиската елита му припадна на Антони Нокер од Брајтон за неговиот погодок при победата од 2: 1 над Кристал Палас.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 19:30