Реал Мадрид нема намера да го продава Рафаел Варан, и затоа „кралевите“ нема да разгледуваат понуди за него, информира „АС“.
Единствената шанса Варан да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ е да биде активирана клаузулата која е запишана во неговиот договор со Реал Мадрид. Таа изнесува 500 милиони евра.
Во Реал Мадрид сметаат дека евентуалната продажба на Варан може да создаде опасен преседан и за таква опција воопшто не се размислува.
Варан има долгорочен договор со шпанскиот гигант до 2022 година, а освен тоа е еден од столбовите во составот на Зинедин Зидан. Реал Мадрид е на мислење дека евентуалната продажба на играчот ќе биде знак на слабост кон другите клубови.
Од своја страна, Варан мисли дека заслужува зголемување на платата. Тој во моментов добива 6 милиони евра годишно. Французинот сака неговата плата да се зголеми на 9 милиони евра по сезона