Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер се повреди во натпреварот од 29. коло на Бундеслигата одигран денеска. Во 53. минута тој беше заменет од Свен Улрах.
На 18 април 2017 година, во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Нојер доби фрактура на левата нога и се повлече пред крајот на сезоната. Потоа, на 18 септември 2017 година, на тренингот пред натпреварот со Шалке, голманот повторно ја скрши левата нога и беше без натпревари осум месеци.
За каква повреда се работи и колку ќе трае закрепнувањето на Ноер се уште не е познато.
Ова е ист проблем со кој тој се соочи последниот пат. Тој ќе биде испитан утре. Се надеваме, се разбира, дека со него не е ништо сериозно, изјави Ноер. Баерн го доби мечот со 4:1 и со 67 бода се врати на првото место на табелата во Бундеслигата.