Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота не сакаше да даде гаранција дека Мауро Икарди ќе остане во тимот по крајот на сезоната.

Неодамна Аргентинецот се врати во игра откако неговата капитенска лента беше одземена. Официјалната верзија за неговото отсуство беше повредата на коленото, која не му дозволи да игра шест недели.

– Не може да гарантираш ништо. Икарди стекна професионално искуство и сега е достапен на тимот. Има договор за уште две години. Станува збор за еден од најдобрите напаѓачи. Ние ќе одлучиме кога ќе дојде вистинско време. Желбата на клубот е многу важна, но играчот е од клучно значење. Фудбалерите не мора да бидат пријатели едни со други, но треба да бидат професионалци и да ги гонат целите поставени од клубот, прокоментира Марота за несогласувањата меѓу Иван Перишиќ и Икарди.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 18:23