Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, може да го напушти клубот во текот на летото.

Според „Тутоспорт“, Интер ќе се обиде да го привлече 28-годишниот Германец на крајот од сезоната.

Менаџерот Пеп Гвардиола призна дека Гундоган не сакал да го обнови договорот со „граѓаните“.

Англискиот шампион е подготвен да го продаде играчот за 25 милиони евра.

Гундоган игра за Манчестер Сити од 2016 година, откако зеде учество во 43 натпревари во кои постигна 5 гола и три асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 19:23