Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани изрази уверување дека ќе потпише нов договор со „граѓаните“ и ќе продолжи да игра на „Етихад“ и следната сезона. Сегашниот договор со централниот дефанзивец со Сити истекува на крајот од оваа сезона.
Минатиот месец медиумита на Островот објавија дека двете страни преговараат за нов договор, при што белгискиот репрезентативец призна дека постојат разлики меѓу двете страни, но тие нема да бидат одлучувачки.
„Ќе играм тука следната сезона. Сè друго е шпекулација. Јас сум дел од семејството, па затоа ќе се договориме како семејство. Можеби не се согласуваме за некои нешта, но тоа нема да ја промени нашата врска. Но, ова не е приоритет сега“, прокоментира Компани, кој ја игра својата десетта сезона со „граѓаните“