Унгарскиот фудбалски стручњак, Пал Дардаи ќе ја напушти функцијата тренер на Херта на крајот од тековната сезона, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.

Одлуката е донесена заеднички од страна на раководството на тимот и Дардаи. По длабинска анализа на целокупната ситуација, беше одлучено дека менувањето на главниот тренер ова лето е вистински чекор за клубот.

Така, Унгарецот ќе го предводи тимот на преостанатите пет натпревари.

Дардаи ја предводи Херта од 2015 година. Во тековната сезона, берлинскиот клуб по 29 кола е на 11. место во Бундеслигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 13:09