Велшкиот фудбалер Герет Бејл за следната сезона ќе може да си бара нов клуб, бидејќи не е во плановите на Зинедин Зидан кој ќе составува нов тим кој би бил конкурентен за трофеите во домашните и европските натпреварувања.

– Зидан остварил средба со Бејл и го известил Велшанецот дека може да си бара нов клуб и да не се надева на голема минутажа следната сезона. Исто така и претседателот на клубот Флорентино Перез изјави дека ќе ги разгледа понуди за Бејл, објавија шпанските медиуми.

Реал Мадрид ја има одредено цената за Бејл и таа изнесува 130 милиони евра.

Останува да се види дали оваа сума не е превисока и за големите европски имиња кои се заитересирани за Бејл, а меѓу нив најсериозен интерес покажува Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 13:17