Голманот на Работнички, Ристо Јанков е оптимист дека неговиот клуб може да се искачи и на третата позиција, откако во неделата ги освои бодовите во Тетово на дуелот со Ренова.

– Среќни сме поради триумфот, втор во низа за нас. Самодовербата е сега на највисоко ниво и веќе сме фокусирани на следниот меч против Силекс во Кратово. Одигравме одличен меч против Ренова, тимот реагираше на вистински начин и освоиме три многу значајни бода. Среќен сум што одбранив пенал, но заслугите одат за сите соиграчи подеднакво, изјави Јанков за клупскиот сајт.

Работнички победи со 2:1 и се најде на 4. место, со заостанување од осум бода зад Академија Пандев.

Еден од хероите во Тетово беше токму Јанков кој имаше одлични одбрани, а успеа и да го скроти пеналот на Влатко Стојановски во завршницата од мечот.

Работнички во 29. коло му гостува на Силекс во Кратово, в сабота во 16 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2019 15:35