Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти бара од своите играчи храброст, ум и срце, со кои ќе се обидат да ја израмнат негативата од првиот натпревар против Арсенал.

Неаполитанците загубија со 0:2 во Лондон пред една недела и ќе имаат тешка задача за реваншот од четвртфиналето во Лига Европа утре.

– Со три зборови: имаме потреба од храброст, ум и срце. Во првиот натпревар видов сосема малку срце само на почетокот на натпреварот. Ум имаше и во двете полувремиња, а утре момчињата ќе ги остават срцата на теренот. Наполи е единствениот италијански тим, кој остана во евротурнирите и се надевам дека така ќе биде и по утрешниот натпревар, прокоментира Карло Анчелоти.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 18:20