Поранешниот француски репрезентативец, Тиери Анри, нема да остане долго без работа по неуспешната авантура како тренер на Монако. „Скај Спортс“ откри дека тој преговара со Њујорк Ред Бул, а двете страни се блиску до договор. Клубот верува дека Анри не само што ќе им помогне за подобри резултати, но, исто така, ќе добијат поголема популарност на глобално ниво.
Анри играше за тимот помеѓу 2010 и 2014 година. Французинот е фаворит на локалните навивачи кои би го поздравиле неговото назначување со огромен ентузијазам.
Во моментов, тимот е многу слаб и има само една победа од почетокот на сезоната во МЛС. Ред Бул се рангирани на 9-то место во Источната конференција.
Со Анри, Монако беше во опасната зона, но потоа Леонардо Жардим го зазеде местото, за кого ова е втор престој на чело на тимот од Кнежеството. Португалецот брзо ја стабилизираше играта на тимот.