Тимот на ПСЖ се уште не може официјално да биде прогласен за шампион на Франција. Играчите на Томас Тухел дозволија втор едноподруго пораз, откако беа надиграни од Нант со 3:2.

Средбата од 32-от круг на Лига 1 започна одлично за гостите кои поведоа во 19-тата минута со гол на Дани Алвеш. До паузата сепак Нант направи пресврт преку Карлос и Маџид. Повторно Дани Алвеш беше прецизен во почетокот на вториот дел, но овој пат во својата мрежа, а во последната минута од регуларното време Метехан Гуклу го постигна вториот гол за ПСЖ, кој сепак не го промени особено развојот на средбата.

По овој натпревар, Парижаните остануваат со 81 поен при 6 преостанати круга. Втор е Лил со 64 бода и во теорија се уште може да се бори за првата позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 03:43