Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ја криеше радоста од убедливата победа над Порто со 4:1 и пласманот на тимот за полуфиналето во Лигата на Шампионите.

– Не создадовме многу шанси, но го искористивме поголемиот дел од нив. Интервенциите на Алисон беа важни и ни помогнаа. Знаевме дека ќе бидеме под притисок на почетокот. Во второто полувреме фудбалерите на Порто се уморија и тогаш целосно го контролиравме натпреварот. Фирмино и Хендерсон беа многу корисни во овој поглед. Очигледно е дека сме поискусен тим и бевме свесни дека овој натпревар ќе биде сличен како оној со Манчестер Сити и Рома минатата сезона, кога исто така имавме тешки периоди. Но штом смево полуфинале се е во ред, рече Германецот.

Следниот противник на Ливерпул ќе биде Барселона – тим против кој Клоп никогаш не се соочил во неговата тренерска кариера. Тој го прокоментира и полуфиналето со каталонскиот тим.

– Ако не ги сметаме контролите за прв пат ќе се сретнам со Барселона. Со нетрпение ги очекувам двата натпревари, додаде Клоп по успехот на „Драгао“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 10:30