Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане се надева дека ќе стане легенда на клубот.

– Сакам да станам легенда на Ливерпул и на целиот англиски фудбал. Ова е една од моите цели. Ќе дадам се од себе да освојам трофеи со тимот, рече Мане.

Сенегалецот го постигна првиот гол за Ливерпул за победата со 4:1 како гостин на Порто во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

– Беше тешко, но со тимски дух ја завршивме нашата работа. Ако треба да бидам искрен, кога го постигнав голот мислев дека сум во офсајд. И се изненадив од одлуката на судијата да го признае погодокот, прокоментира Мане.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 10:54