Манчестер Јунајтед сè уште не може да најде начин да се договори со Маркус Рашфорд за да го продолжи договорот, објави „Дејли мејл“.

Со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција, Рашфорд стана клучен играч за тимот. Во 42 натпревари за „црвените ѓаволи“ оваа сезона има 13 гола и асистенции.

Напаѓачот е дете на клубот и е последниот, со кој Солскјер би се разделил, но во моментов има несогласувања меѓу фудбалерот и клубот.

Маркус Рашфорд сака да заработува 200.000 фунти неделно и гаранција дека ќе биде носител, а раководството не може да ги исполни и неговите желби.

Договорот на напаѓачот истекува на крајот од следната сезона, но постои можност за негово продолжување за 12 месеци. Според медиумите на Островот, Барселона покажува интерес за него.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 10:55