Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, смета дека е виновен за поразот од Барселона со 0:3 во реванш-дуелот од четвртфиналетоа на Лигата на шампионите.

Според медиумите во Англија, шпанскиот голман се извинил на целиот тим во соблекувалната на „Камп Ноу“. Голманот на „црвените ѓаволи“ изјавил дека ако не била неговата грешка при вториот гол на Лионел Меси, шансите на неговиот тим би биле поголеми за пласман во полуфиналето.

Де Хеа бил неутешен пред играчите, иако ниту еден негов соиграч не го обвинил за билошто. Шпанскиот репрезентативец не можеше да си прости за подарокот што му го даде на Лео Меси и на Каталонците.

Де Хеа инаку ја пропушти топката под раката по нападот на аргентинскиот напаѓач, со кој Барселона поведе со 2:0 во реваншот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 12:19