Следната сезона може да биде последна за Кристијано Роналдо во Јувентус, пишува „Ла Република“.
По елиминацијата на „Старата Дама“ од Лигата на шампионите од Ајакс во четвртфиналето, односите меѓу клубот и Португалецот се влошени значително, тврди изданието.
Триесет и четири годишниот португалски репрезентативец нема да го доврши договорот, кој е до 2022 година. Тоа е резултат на разочарувањето на двете страни од резултатите во нивната прва заеднички сезона.
Иако во Серија „А“ сè се разви според планот, тоа не се случи во Лигата на Шампионите.
Кристијано Роналдо се приклучи на Јувентус од Реал Мадрид во јули 2018 година за сума од 117 милиони евра. Во оваа сезона тој одигра 38 натпревари за италијанскиот гигант, реализира 28 погодоци и забележа 12 асистенции.