Италијанскиот тренер Фабио Капело изјави дека раководството на Реал Мадрид за трансфери во најблискиот преоден рок, на Зидан ќе му стави на располагање 500 милиони евра, објави „Скај Италија“.

– Мои луѓе блиски до менаџментот на Реал ми кажаа дека на тренерот Зинедин Зидан ќе му бидат доделени 500 милини евра за засилувања. Информацијата ја добив за време на мојот престој во Барселона оваа недела. Постојат три или четири добри напаѓачи кои можат да бидат донесени на „Сантијаго Бернабеу“, но последниот збор ќе го има Зидан, истакнува Капело.

Реал Мадрид со Зидан на тренерската позиција ја освои Лигата на шампионите претходните три сезони. Потоа тој си замина од „кралскиот клуб“, па се врати во вториот дел од тековната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 14:51