Напаѓачот на ПСЖ Нејмар целосно закрепна од повредата и ќе се врати на теренот во натпреварот од 33. коло од француското првенство против Монако.

Бразилецот му рекол на тренерот Томас Тукел дека има желба да учествува на натпреварот со тимот од Кнежевството.

Сепак, Нејмар прво треба да добие дозвола од клупскиот лекар и ако тој даде зелено светло ѕвездата на Пари Сен-Жермен в недела ќа се појави на теренот.

Дваесет и седумгодишниот Нејмар доби фрактура на стапалото на натпреварот од францускиот куп со Стразбур, кој се играше на 23 јануари.

Во тековната сезона, Нејмар настапи на 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и забележа 11 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 10:39