Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, рече дека еден играч не е гаранција за успех, а доказ за тоа е елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите. Тој потенцираше дека Кристијано Ронладо не успеа да му помогне на клубот од Торино да го освои европскиот трон.

– Роналдо не му помогна на Јувентус да ја освои Лигата на шампионите, бидејќи тимот, а не поединците ги победуваат натпреварите, изјави Де Лаурентис.

Газдата на Наполи се осврна и на правилото гол на гости за кое се повеќе се води дилема дали да се укине.

– Се надевам дека следната сезона ќе се промени правилото кое се однесува на головите постигнати на гостински терен кои според сегашните правила вредат повеќе во случај на изедначен вкупен резултат.

За потсетување, Роналдо беше многу разочаран од елиминацијата на Јувентус” во четвртфиналето од елитното натпреварување. Неговиот тим загуби од Ајакс со вкупен резултат 3:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 11:40