Ливерпул ги зголеми цените на билетите за полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона за навивачите на гостинската екипа, објавено е на официјалната веб-страница на „црвените“.

Првиот дуел ќе се игра на 1 мај во Шпанија, реваншот е на 7 мај во Англија.

Како што е наведено, Ливерпул на првиот натпревар доби 4.620 билети од Каталонците, чија цена е 119 евра.

Ливерпул ја одреди истата цена, а разликата ќе ја искористи за надомест на трошоците за навивачите на Ливерпул. Ова ќе помогне да се намали цената на билетите за првиот натпревар, односно клубот ќе субвенционира по триесетина евра за секој навивач по што фановите ќе треба да одвојат 88 евра, наместо 119. Претходно, Манчестер јунајтед го направи истото во четвртфиналниот натпревар против Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 13:06