Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го постави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, над сите други.
– Гвардиола е најдобриот тренер во светот, нема сомнеж. Не го гледајте тоа дека ја напуштил Лигата на шампионите, изјави тренерот на каталонскиот тим на денешната прес-конференција.
– Ние добро знаеме дека ни требаат девет поени за да станеме шампиони. Сега треба да се фокусираме на претстојниот натпревар, изјави тој пред утрешната битка со Реал Сосиедад на „Камп Ноу“.
Во врска со гестот на Филипе Кутињо по голот против Јунајтед, Валверде рече: „Не сум разговарал со него. Направи нешто по голот, но изненаден сум што повеќе се зборува за овој гест, отколку за големиот гол. Не ми изгледаше дека покажува непочитување“.
Стратегот коментираше и за претстојниот ривал на Барса во Лигата на шампионите – Ливерпул.
– Ова е многу силен противник со офанзивна моќ, која го покажува својот потенцијал како оваа, така и минатата сезона. Лани тие стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, а оваа сезона се претставуваат одлично. Претстои атрактивен натпревар,кој ќе биде многу тежок, додаде тој.