Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар може да се врати утре при домашниот меч против Монако.

Ова го изјави тренерот на парижаните, Томас Тухел на прес-конференцијата пред натпреварот, во кој неговиот тим се очекува да стане шампион на Франција.

– Нејмар работи напорно и има добар став. Може да го видиме утре во игра, рече Тухел.

Бразилецот не играл од јануари кога претрпе повреда во стапалото.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2019 13:59