Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул по денешната победа над Кардиф стигна до 88 бода од 35 натпревари во тековната сезона. Овој резултат претставува клупски рекорд за „црвените“ во нивната историја во Англиското фудбалско првенство.

Претходно, повеќе бодови од тимот предводен од Јирген Клоп имаше генерацијата на Ливерпул од сезоната 2008/09 кога собра 86 бода.

Ливерпул е во „мртва“ трка за шампионскиот трофеј со Манчестер сити кој ја брани титулата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 09:27