Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, ги коментираше гласините дека напаѓачот Оливие Жиру е незадоволен од неговата минутажа во тимот и дека може да го напушти клубот во текот на летото.

– Жиру против Славија го одигра 39. натпревар од сезоната. 39-ти! Не деветти, туку 39-ти! Во почетниот состав беше 19 или 20 пати, не се сеќавам точно. Затоа не се согласувам со него, изјави Сари.

Тренерот на „наполитанците“ смета дека Французинот е корисен за Челзи.

Тој е корисен за нас. Многу корисен. Играше многу добро со Славија. За разлика од другите, нему му требаше повеќе време за закрепнување, бидејќи тој тежи 90 кг. Тоа е единстевната причина, вели Сари.

Во тековната сезона, Жиру играше на 39 за Челзи, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 17:31