Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека дербито со Сити доаѓа во најпрецизниот момент за неговиот тим.
Норвежанецот рече дека судирот е одлична можност за играчите да ги стават настрана своите исклучително слаби перформанси против Евертон во текот на викендот. „Црвените Ѓаволи“ загубија на „Гудисон Парк“ 0:4 и го доведоа во прашање своето место во Топ 4 и Лигата на шампионите следната година.
Утре Јунајтед и Сити излегуваат еден против друг на „Олд Трафорд“ во одложениот натпревар кој може да се покаже од клучно значење и за титулата во Англија.
– Ова е најдобриот меч што можеме да го посакаме во моментов. Имавме натпревар по натпреварот и видов дека сите играчи беа дефинитивно разочарани од сопствените перформанси. Мечот со Сити е совршениот, за да одговориме, рече Солскјер и додаде: „Не можете да се скриете на теренот. Сум кажал многу пати – нашите навивачи ќе не поддржат, без оглед на исходот, се додека играчите даваат се од себе“.