Една од ѕвездите на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ги налути фановите на „црвените ѓаволи“ по поразот минатата ноќ со 0: 2 од градскиот ривал Манчестер Сити.

Чилеанецот, кој претходно беше повреден, очигледно не е во најдобра форма, откако ја допре топката еднаш во 12 минути на теренот.

Санчез зема 87.000 фунти само за појавување на теренот, според договорот кој го потпиша во јануари 2018 година, кога тој дојде од Арсенал за 30 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2019 16:55