Денес англиската Премиер лига откри како изгледа „Тимот на годината“. Големото изненадување е поврзано со присуството на Пол Погба во оваа постава, како и отсуството на Еден Азар од неа. Сепак, Челзи денес ја бранеше својата белгиска ѕвезда со официјална изјава.

– Нашиот бр.10 има неверојатна сезона полна со неверојатни моменти, па фактот дека не се најде во „Тимот на годината“ е големо изненадување. Неговата статистика во текот на сезоната не може да биде против него за време на изборот, пишува клубот.

Азар има 16 погодоци и 13 асистенции оваа сезона. Како што е наведено во статистиката, зад него се само Серхио Агуеро со 19/8, Рахим Стирлинг со 17/10 и Мохамед Салах со 19/7.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2019 18:19