Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари беше казнет со 8.000 фунти од Фудбалската асоцијација на Англија, откако се изјасни за виновен по обвинението за неприфатливо однесување на натпреварот со Барнли во понеделникот.

Италијанецот беше избркан на трибините на крајот на натпреварот, кој заврши 2:2 на „Стемфорд Бриџ“, откако се обиде да го смири Матео Ковачиќ, кој беше вовлечен во конфликт со противнички играчи.

– Маурицио Сари е казнет со 8.000 фунти, откако се изјасни за виновен по прекршување на правилникот на ФА и ја прифати стандардната санкција. Казната е последица на неговото однесување во 94-тата минута на дуелот помеѓу Челзи и Барнли од Премиер лигата на 22 април, се вели во соопштението на ФА



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 01:40