Силната позиција на Рахим Стeрлинг против расизмот во фудбалот беше наградена за време на наградите на „БТ Спорт Индустри“.
Дваесет и четири-годишниот фудбалер ја доби наградата за интегритет и влијание од селекторот на Англија, Герет Саутгејт на церемонија во Лондон.
Стeрлинг неодамна предложи за расизам клубовите да бидат казнети со минус 9 поени. Освен тоа, долги години влијае постојано темата.
– Гласот на спортистите продолжува да има силно влијание на терените и надвор него со спортисти како Рахим Стeрлинг кои прават многу за да ги истакнуваат проблемите кои влијаат на нас, изјави шефот на „Спорт Индустри Груп“, Ник Келер.
Самиот Стeрлинг беше среќен поради наградата.
– Треба да даваш пример на младите. Кога следната генерација ќе дојде, треба да дадеш пример, изјави крилото на Манчестер Сити.
Саутгејт, ФА и тимот на Англија од Мундијалот 2018 добија награда за Лидерство во спортот.