Манчестер Сити направи важен чекор во борбата за титулата во Премиер лигата, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола влезе во историјата на Премиер лигата како првиот кој го носи својот тим до три последователни победи против Манчестер Јунајтед како гостин во првенството.

Сити го надигра Јунајтед со 2:0 на „Олд Трафорд“ и веќе е лидер на табелата со бод повеќе од вториот Ливерпул.

Пред тоа „граѓаните“ победија како гости на градскиот ривал два пати со по 2:1 во сезоната 2016/17 и 2017/18.

На овој начин Пеп Гвардиола влезе во историјата како првиот менаџер кој го одведува својот тим до три последователни победи на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 04:04