Барселона има намера да го донесе на „Камп ноу“ напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд.

Во англиските медиуми се појавија шпекулации дека каталонскиот клуб е подготвен да понуди 115 милиони евра за 21-годишен Англичанец.

Рашфорд ќе се согласи да оди во Барселона ако Манчестер јунајтед не успее да влезе во Лигата на шампионите за тековната сезона. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е со важност до јуни 2020 година.

Оваа сезона, Рашфорд настапи на 44 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 13 гола и забележа шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 04:31