Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, смета дека напаѓачот Еден Азар неправедно е изоставен од симболичниот национален тим на Премиер лигата во тековната сезона во изборот на Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА). Сари смета дека тоа се должи на поголемото внимание кое им било посветено на играчите од Ливерпул и Манчестер сити.

– Мислам дека Азар заслужува да биде вклучен во листата на 11 најдобри играчи според верзијата ПФА, но сега веќе не може да се стори ништо. Ливерпул и Манчестер сити се борат за трофејот и ми се чини дека овој факт влијаеше на гласањето, истакна Сари.

Претходно, Челзи негодуваше поради изоставувањето на Азар од тимот на ПФА.

За потсетување, во тимот на годината на англиската Премиер лига се најдоа следниве фудбалери: Едерсон (Манчестер сити), Робертсон (Ливерпул), Лапорт (Манчестер сити), Ван Дијк (Ливерпул), Александер-Арнолд (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер сити), Фернандињо (Манчестер сити), Погба (Манчестер Јунајтед), Мане (Ливерпул), Агуеро (Манчестер сити), Стерлинг (Манчестер сити).



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 10:58