Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу ги посочи следните две цели пред клубот по обезбедувањето на титулата во Ла Лига синоќа.
Шефот побара да бидат освоени три титули – Купот на Шпанија и трофејот во Лигата на шампионите. Во финалето за националниот куп, Барселона ја има за ривал Валенсија, а во Лигата на шампионите се соочува против Ливерпул во полуфиналето.
– Барселона стана шампион по осми пат во последните 11 години, што покажува колку добро работиме. Ова е рекорд и ние сме многу горди на постигнувањето. Нашата главна цел во оваа сезона беше освојувањето на титулата во Ла Лига и бевме концентрирани на нејзиното постигнување од самиот почеток. Сега целта е да се освојат три титули на крајот на сезоната. Во Лигата на шампионите ќе се соочиме против многу силен ривал. Во финалето на Купот имаме исто така многу силен противник, прокоментира Бартомеу.
Тој не пропушти да го пофали лично Лионел Меси, кој ја донесе победата над Леванте со 1:0, со која беше освоена шампионската титула.