Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо често се враќа во Мадрид, а повод за посети се неговата клиника за пресадување на коса. Португалецот изјави дека многу навивачи на Реал сакаат тој да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и му го споделуваат тоа, кога ќе го видат во Мадрид.

– Шпанците се однесуваа добро кон мене, никогаш нема да го заборавам тоа. Одам напред со крената глава, мојот живот е отворена книга. Луѓето во Мадрид ме сакаат. Навивачите на Реал знаат дека сум дал многу на овој клуб. Ме запираат на улица и ме повикуваат да се вратам во Реал, велат: „тоа е твојот дом“. Навистина ми е пријатно да го слушам тоа, рече Роналдо, цитиран од „Ел Паис“.

Сепак тој ја наведе и негативната страна на претстојот во гигантот од Шпанија.

– Во исто време, луѓето секогаш се подготвени да ти судат. Велат дека на 33, 34, 35 мора да си заминеш. Но, сакам да ги воодушевувам сите. Тие ме гледаат како личност која никогаш не треба да има проблеми. Тие мислат дека парите ги решаваат сите проблеми. Тие се надеваат дека нема да постигнеш пенал или дека ќе играш лошо во важен меч. Ова е живот и јас сум подготвен за тоа, додаде Португалецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 12:43