Полудефанзивецот на Монако, Јури Тилеманс, кој е изнајмен во Лестер, може да се пресели во Манчестер Јунајтед, според „Сан“.

Според информациите, Јунајтед има потреба од конструктивен играч од средниот ред поради можното заминување на Пол Погба во насока на Реал Мадрид. Тотенхем, исто така, го сака 21-годишниот Тимеманс.

Лестер предложи рекордни 40 милиони евра за привлекувањето на играчот од средниот ред.

Во оваа сезона, Јури Тилманс има 11 натпревари, 3 гола и 5 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ го проценува белгискиот репрезентативец на 22 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 12:45