Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез не учествуваше во последниот тренинг на тимот пред гостувањето на Селта Виго и сигурно го пропушта натпреварот денес поради повреда во глуждот.

Уругваецот, кој до неодамна страдаше од болки во коленото, остана да се подготвува во фитнес-салата, откако доби удар во првото полуфинале од Лигата на шампионите против Ливерпул (3:0) во средата.

Напаѓачот одржува физиотерапевтски сесии во базата на клубот со мраз и антиинфламаторни лекови за два дена, за да се подобри ситуацијата, но останува можноста да не игра против Ливерпул во реваншот во вторник.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 14:26