Масимилијано Алегри очигледно не може да го преболи поразот од Ајакс во Лигата на шампионите. Јувентус беше тотално надиграни и во двата натпревари против гигантот од Амстердам, но тој смета дека елиминацијата на тимот се должи на многуте повредени фудбалери на „старата дама“. Покрај тоа,стратегот истакна дека Ајакс имал среќа – како против италијанскиот гигант, така и против Тотенхем.

– Против Ајакс дозволивме гол од никаде. По паузата излеговме со повеќе страв да не го загубиме натпреварот, што на крајот ни одигра лоша шега. Уште не можам да си го објаснам овој став. Понекогаш работите едноставно се развиваат во твоја полза, како што беше за Ајакс. Кога игравме против нив, ни недостигаа 5-ца играчи. Кога отидоа во Лондон, Тотенхем беше лишен од двајцата најдобри напаѓачи. Да, Ајакс е добар тим, но имаа многу среќа за да стигнат до таму, каде што се наоѓаат во моментов, прокоментира синоќа Алегри по 1:1 против Торино.

Во реваншот против Ајакс, Јувентус беше лишен од двајца играчи – Џорџо Киелини и Марио Манџукиќ, додека „лавовите“ беа без еден од стартерите – Николас Таљафико.

Во првата средба пак за Јуве не играа Џанг и Куадрадо, кои не се меѓу стартерите на Алегри во оваа сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 15:55