Спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бобич отфрли ги негираше информациите дека германскиот клуб се договорил со Реал Мадрид за трансферот на Лука Јовиќ.

Бобич дури и негираше дека преговарал со шпанскиот клуб за продажба на 21-годишниот напаѓач.

– Немаше контакт со Реал Мадрид. Ова е лага, рече Бобич во интервју за „ЕСПН“ за вестите за договорот помеѓу Ајнтрахт и Реал Мадрид.

Според „АС“, Реал Мадрид и Ајнтрахт Франкфурт се договориле за трансфер на српскиот репрезентативец за сума од 60 милиони евра.

Според изданието, Јовиќ требало да потпише шестгодишен договор со „кралскиот“ клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 10:59