Тренерот на Арсенал Унаи Емери смета дека неговиот тим заслужи да победи на денешниот дуел со Брајтон. „Топџиите“ одиграа само 1:1 и речиси ја изгубија можноста за место во првите четири од Премиер лигата кое носи пласман во Лигата на шампионите.

Заслужувавме да победиме, но знаеме дека противникот е многу силен во одбраната. Имавме шанси да постигнеме повеќе и моравме да го направиме тоа. И во првото и во второто полувреме го напаѓавме нивниот гол, но противникот добро се одбрани. Се обидуваме да победиме на секој натпревар. Но, сите тие се комплицирани во Премиер лигата. Сакавме да влеземе во првите четири, но ја изгубивме оваа шанса. Сега се подготвуваме за Валенсија и Лига Европа. На едно коло пред крајот Арсенал е петти со 67 бода, три помалку од Тотенхем кој е на 4. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 00:03