Тимот на ПАОК стана втор тим во историјата на грчкото фудбалско првенство кој ја заврши сезоната без пораз. Во минатото, Панатинаикос го одигра цело првенство без да загуби во сезоната 1963/1964.

ПАОК во последното коло вчера ја победи Јанина со 2:0.

Тимот од Солун сезоната во грчката Супер лига ја заврши со 26 победи и четири нерешени исходи.

Следната сезона, ПАОК ќе учествува во квалификациите за Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 10:59