Во Романија денеска за првпат е издадено предупредување „црвена тревога“ за опасност од торнадо, јави информативниот сајт Зиаре.

Предупредувањето се однесува на југоисточните делови Јаломица и Калараш. Во исто време, објавена е и „портокалова тревога“ за силен ветер и бури во голем број други области во земјата.

Сајтот информира дека ветрот дува со брзина од 100 до 110 километри на час и според метеоролозите може да предизвика торнадо, како што се случи минатата недела во реонот на село Дражна, во округот Калараш. Таму торнадо преврте автобус со патници.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 19:36